Денешниот ден (06 ноември) во куќата започнува со песната „Con de partiro“, којашто на претходната гала вечер ја изведе Игор.
Студентите станануваат и се спремаат за првиот час, часот по фитнес. Денеска испофален беше Никола Сариќ, за редовност и секогаш на време пристигнување на часовите.
По утринскиот фитнес, следуваше мала пауза на која како по обичај, се вртат муабети низ двор.
На часот по играње и пеење кај професорката Пајевиќ каде што Милица имаше забелешка, дека студентите баш и не ги користат чекорите кои ги учат тука на настапите на гала вечерите.
Некаде околу 13 часот, часовите се завршени и студентите се враќаат назад на академијата.
Некои оваа пауза ја користат за одмор, додека другите ги вежбаат настапите, кореографијата и пеењето за следната гала вечер. Ана е во училницата, додека Вукашин и Нина ги вежбаат своите кореографии во салата за играње. Останатите студенти се одмораат и разговараат во дворот.
Милица денес се пожали дека матриците кои студентите ги добиваат за вежбање на песните, се побрзи од оригиналнта верзија и дека не може баш најдобро да се спремаат, и затоа некои студенти се спремаат со свирење во живо.
А студентите вечерва ке ја гледаат снимката од предходната гала, но директорот најави дека ништо нема да коментира.
Нашиот Александар денес ја вежбаше песната која ја спрема за следната гала „Македонија“ од Дадо Топиќ, и тој одлично ја испеа. Но дека Александар не е само човек кој гледа само за себе докажа и со тоа што им помагаше и на останатите студенти при нивното изучување на песните. Тој вежбаше заедно со Соња и со Ана. Ана ја спрема песната „Crazy in love“ од Бијонси, за која тврди дека не е нејзина песна, а Соња рече дека намерно им давале песни кои не им лежат за да видат како ке се снајдат.
Човекот со најголем проблем околу песната, Аднан кој ја спрема „Viva Las Vegas“ денес веќе ја имаше научено песната и ја изведуваше во салата за играње и звучеше одлично.
Директорот им дозволува на студентите да ја погледаат снимката од гала вечерта во вечерните часови, бидејќи денес му е роденден. Тој изјавува дека очекува од нив да го променат своето однесување и да бидат подобри на следната гала.
Откако ги одгледаа своите настапи, студентите ветија дека ќе вложат повеќе труд за следната гала вечер. Сите се сложуваат дека не вложиле доволно труд и дека не дале се од себе.
Никола Пауновиќ вели дека не се свесни за тоа што им се случува и дека еден ден ќе се каат, бидејќи не дале се од себе. Вукашин изјавува дека е свесен за својот успех дури откако ќе излезе на сцена.
Преглед на денот (06.11.2008)
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)














Comments :
Објави коментар