Операција Триумф, најгледано шоу во регионот


Гала вечерта на 17.11.2008. беше најгледана од сите досегашни гали и прегледи на ОТ.

Во Србија гледаа точно 1.320.424 гледачи ја гледаа галата, а во Босна и Херцеговина 561.000 . Во Хрватска Гала вечерта на ОТ, со 29% од гледачите, беше најгледана емисија таа вечер на сите канали. Фантастична гледаност имаше и во Македонија, каде дури 50% од гледачите таа вечер го следеа ова шоу, со што таа Гала беше најгледана програма на цел Балкан.

Но зошто во понеделник над пет милиони гледачи од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија гледаат ОТ?

Затоа што за прв пат гледачите од овие држави заедно гледаат едно заедничко шоу кое ја враќа поп музиката на голема врата, а музиката е таа која не спојува.

Затоа што уживаат во најамбициосното и најскапото музичко шоу на овие простори.

Затоа што докажавме дека и на нашиве простори може да организираме шоу по светски стандарди.

Затоа што кога ке кажеме студио од 1000 метри квадратни, 12 најсовремени камери, најмоќен систем за озвучување, осветлување со преку 250 ротирачки глави, 25 стробоскопи,6 топови и преку 30 рефлектори, режисер Jos Budie, сценограф Michele Sarfati, директор на фотографија Jean-Philippe Bourdon и уште 200 врвни професионалци, вие одма помислувате на Операција Триумф! Тие го прават вашето задоволство...

Comments :

0 коментари to “Операција Триумф, најгледано шоу во регионот”
 

Банер размена

Bestips.mk