Напнатоста расте


Од недела во недела на гала вечерите се поприсутна е напнатоста и неизвесноста помеѓу студентите.

Осмата гала вечер, започна со химната на Операција Триумф, што студентите, под диригентската палка на Никола Сариќ, вредно ја вежбаа изминатава недела. После настапите на овонеделните номирирани студенти, дојде моментот да дознаеме кој ќе ја напушти академијата.

Спротивно од неколкуте спроведени анкети, Милица е седмиот учесник по ред што ја напушта академијата. Што се однесува до фаворитите, ситуацијата остана непроменета- нашиот Александар повторно беше избран за фаворит од публиката и беше заштитен од жирито и номинација.

Жирито реши да ги номинира Ѓорѓе, Никола Сариќ, Вукашин и Соња. Никола Пауновиќ за првпат не седеше на клупата за номинирани студенти и доби шанса да гласа за да зачува еден од номинираните во академијата. Директорот реши да го спаси Никола Сариќ, додека студентите ја спасија Соња, што значи дека за оваа недела номинирани се Вукашин и Ѓорѓе.

Comments :

0 коментари to “Напнатоста расте”
 

Банер размена

Bestips.mk