
Аднан сеуште смета дека не треба да биде номиниран оваа недела .
“Во текот на ноќта станував од кревет за да вежбам и сметам дека вложив најмногу труд, а тогаш тие ја спасија Бебиќ“, заклучи Аднан. Пред да излезе Мика од куќата му рече на Аднан: “Па тогаш зошто не се откажа минатата недела за да ме спасиш мене?“.
Низ солзи таа му препорача дека не треба да се откажува. Вукашин му рече: “Тоа не би било фер спрема твојата држава, а Никола Сариќ би го добил монополот на кујната.“ Иако Аднан престана да размислува за неговото откажување, очигледно тоа не го “преброди“, поради фактот дека професорите одлучиле да ја спасат хрватската претставничка Ана наместо него.
Ана очигледно го изгуби својот верен “обожавател“ Џорџе. Во текот на вечерта таа покажа на својот образ и го замоли Џорџе да ја бакне, но тој тоа го одби, а Ана остана во шок. Исто така тој ја праша:
“Ана како ти се вика новото момче“, очигледно за да покаже дека хрватската претставничка повеќе не го интересира толку.
Втората номинирана студентка Милица повторно мисли дека ќе отпадне, а таа вели и дека неможе да ослабе на Академијата. “Јас тоа овде, едноставно не го можам, ќе видите сега кога ќе излезам колку ќе бидам послаба.“, коментираше Милица, а подоцна во озвучената соба таа се сврте кон својата номинација.
“Ако сакате геј бал, тогаш ќе го добиете следната недела со осум момчиња и три девојки“, рече таа.
Вукашин ја започна темата за клановите на Академијата. Како што вели, во озвучената соба секогаш го прашуваат дали постои клан кој што го спасува Никола Пауновиќ. Вукашин одговори дека секогаш ќе гласа за него, затоа што Никола е позитивна личност, а сигурен и дека на Акадамеијата не постои никаков клан.
Управителот коментираше за гала вечерта и рече дека Нина треба да биде номинирана затоа што според него “нејзината песна била лошо отпеана“. Даниел, пак смета дека настапот му бил генијален:
“Јас не можам да верувам дека на сцената сето тоа беше за мене, ласери и сето останато“. За настапот на Даниел, Вукашин рече дека е еден од подобрите кои што тој ги видел.
Подоцна Даниел “се закачи“ со Џорџе околу heavy metal-от. Даниел смета дека тој вид на музика е неподнослива. “Heavy metal-от не е против Бога“, луто реагираше Џорџе, додека Даниел во својот стил му одговори дека и “така не го интересира, туку дека едноставно му е неподнослива таа музика“.
За да го одбрани овој стил на музика, Џорџе изјави дека всушност токму во тој музички жанр се напишани најубавите љубовни стихови. Даниел арогантно одговори:
“Најубавите љубовни стихови ги напиша Марина Туцаковиќ“.
Извор: http://www.exclusive.com.mk/
Aднан “ја нападна“ Ана
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)














Comments :
Објави коментар