На седмата по ред гала вечер на Операција Триумф се случи и првото запросување на некој од кандидатите. Настанот со предложувањто на брак кој ги разбранува сите медиуми кои го пренесуваат мега популарното шоу, први од лице место ви го пренесуваме ние.
Скопјанката Сандра Белчевска беше најхрабра таа вечер, па и воопшто досега кога се работи за подарување подароци на некој од кандидатите.
Бидејќи Сандра е заљубена во Никола Сариќ Сајко, таа се одлучи на мошне забележителен начин да го сврти вниманието на публиката. Во црвено плишано кутивче таа му подари бурма од бело злато, но сепак немаше доволно харброст тоа да го направи на сцената пред сите, па затоа водителот Маца ја заврши работата.
После настапот Сајко не можеше да ја скрие возбудата од подарокот од скопјанката Сандра, па затоа и не го испушти кутивчето од раце, а прстенот веднаш се најде на неговата рака.
Ексклузивното интервју со девојката која му понуди брак на Сајко ќе го гледате во Exclusive, во кое таа зборува за моментите кога Маца ги затворил во тоалетот и зошто се одлучила на ваков чекор.
Запросувањето, српските медиуми го пренесоа еднакво како што оддекна и бременоста на хрватската натпреварувачка Андреа Харапин која отпадна пред неколку емисии.
Извор: http://www.exclusive.com.mk/
Падна и првото запросување на Операција Триумф
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)














Comments :
Објави коментар