Хрватскиот композитор и член на жирито на Операција Триумф, Тончи Хулиќ ке напише песна за еден од студентите со која ке се обиде да оди на Евровизија!
Иако пред скоро време одби било каква можност да се натпреварува на Дора, фестивалот каде што хрватите избираат претставник за Евровизија, сега се предомислил и изгледа сепак ке се натпреварува и таму.
„Се предомислив, бидејќи сакам се повеќе да ги афирмирам студентите од Операција Триумф. Се надевам дека следната година во Москва ке одидат барем двајца од ОТ на Евровизија. Се разбира од различни држави“, изјави менаџерот на Bond Girls за „Večernji list“.
Хуљиќ како еден од најдобрите композитори на овие простори, доби покана да учевстува директно во финалето на Дора, што е уште една причина за неговото предомислување.
Во академијата сега останаа уште двајца студенти од Хрватска - Ана Бебиќ од Метковиќ и Игор Цукров од Сплит. До сега испаднаа Андреа и Антонија. Но сепак, не е исклучено да изборот на Тончи падне и на некој друг студент.
Тој ке напише песна на само еден студент, а не на сите бидејќи така налагаат правилата.














Comments :
Објави коментар