Кристијан ќе си замине од академијата?

Академијата Операција Триумф денес ќе ја напуштат два студенти, бидејќи претходната недела колективно беа номинирани: Аднан, Милица, Никола Пауновиќ, Никола Сариќ, Нина, Вукашин, Кристијан и Нина. Судејќи по анкетата на еден неофицијален форум, најблиску до напуштање на куќата се Мирјана Костиќ и нашиот Кристијан Јованов, кој има најмалку гласови.

Исто така, од куќата можно е да си заминат Милица, Никола Пауновиќ, Нина или Вукашин. Студентите со најмногу гласови на анкетата се Даниел и Никола Сариќ, кои покрај Игор и Александар, се едни од главните фаворити за победа.

Додека студентите кои беа спасени на претходната гала (Ана, Соња, Ѓорѓе и Игор) мирно се спремаат за седмата по ред гала вечер, меѓу останатите владее голема тензија. Најголеми знаци на паника покажува Мика.

Учесниците во неофицијалната анкета сметаат дека Мирјана одлично пее, но и замеруваат на тоа што има тежок карактер. За нашиот Кристијан сметаат дека е ненаметлив (што се смета за мана во шоу-бизнисот).

Сепак, гласовите од публиката можат да ја променат оваа слика доколку продуцентската куќа Емоушн во последен момент го прифати предлогот на директорот Саша Драгиќ да ги поштеди последните двајца студенти кои последни влегоа во куќата (меѓу кои и нашиот Кристијан), бидејќи тие не учествуваа во договарањето околу номинациите поради кое беа сите казнети.

За крај, еве ги резултатите од неофицијалната анкета на прашањето "Кој од номинираните би го зачувале во куќата", на која пристигнаа 7.575 гласа:

Аднан Бабајиќ - 7% (575 гласа)
Даниел Павловиќ- 17% (1.311 гласа)
Кристијан Јованов- 4% (375 гласа)
Мирјана Костиќ- 5% (380 гласа)
Милица Мајсторовиќ- 15% (1.142 гласа)
Никола Пауновиќ- 8% (664 гласа)
Нина Петковиќ- 10% (808 гласа)
Никола Сариќ- 17% (1.333 гласа)
Вукашин Брајиќ 13% (987 гласа)

Comments :

0 коментари to “Кристијан ќе си замине од академијата?”
 

Банер размена

Bestips.mk