Студентите се загрижени за фаворитот на публиката – Александар

И покрај изјавите на Гала вечерта, последниот ден на Јасмина на Академијата помина во мирна атмосфера. Јасмина и се довери на Соња дека и сметале погледите на публиката додека таа пеела.

Соња и кажала дека не се нервира поради тоа што се докажала во “пејачка смисла“. Студентите воглавно го поминуваа времето коментирајќи за своите настапи на Гала вечерта.

Никола С. и Мика мислат дека имале солиден настап, а Даниел смета дека единствен начин за да си го оцени настапот е откако ќе ја види снимката. Подоцна им се придружи и директорот Драгиќ кој што им ги подели песните за следната Гала вечер.

Но, овој пат номинираните студенти не можеа да си ги бираат песните. Фаворитот на публиката, Александар, ја дoби песната “Македонија“ која што ќе ја пее во дует со Дадо Топиќ.

Македонскиот статус кај публиката очигледно почна да им смета на останатите кандидати. Така Милица му се дoвери на Никола Сариќ дека Александар секогаш пеел во дуети, и дека имал мал проблем со англискиот јазик. Аднан не е пресреќен што ја доби песната “Viva Las Vegas“.

Освен што го добија пописот на песните, станарите добија и нов распоред на станување. Се чини дека дисциплината станува приоритет на Академијата.

Заедно со Дадо Топиќ, на следната Гала вечер ќе биде гостин и Калиопи која што ќе пее во дует со Соња.

извор: www.exc.com.mk

Comments :

0 коментари to “Студентите се загрижени за фаворитот на публиката – Александар”
 

Банер размена

Bestips.mk