Преглед на денот (29.11.2008)

Ова ладно ноемвриско утро, студентите ги разбудија звуците од песната „Све још мирише на њу“ која на предходната гала ја изведе Никола Сариќ.

Сите студенти малце се успаа, па сите трчаа низ дворот за да стигнат на часот по фитнес, каде што Даниел му се жалеше на професорот дека вежбите се преинтензивни и дека заради тоа им паѓа имунитетот, со што професорот не се согласи и рече дека вежбите се скалдни со секој студент.

На часот по распејување не присуствуваше Игор бидејќи е настинат, а професорот Пајевиќ се распрашуваше за денешниот мини концерт, на кој студентите ке настапат со песните кои сами ги напишале на тема „Никој како јас“.

После часот за распејување следуваше часот за кореографија, па студентите уште малце си ги досредија нивните песни.

На часот кај професорката Милица, Ана ја вежбаше својата кореографија за песната „True colors“ која, како што кажа, и’ е една од омилените на професорката. Ана доби пофалби за нејзиниот настап и професорката верува дека одлично ке се покаже во понеделник.

На часот кај професорите Снежана и Мирко, студентите од машкиот пол ги изведуваа песните „Help“ и „A hard day's nighht“. Професорката Снежана им рече да обртатат внимание на пробите и на заедничкиот настап, бидејќи од сега па натаму ке имаат и групна песна за галите.
Потоа, откако завршија сите часови, започна мини концертот, во кој жири беа сите професори (освен професорката Милица) и директорот.

Сите ги изведија своите нумери, и за сите жирито имаше различни коментари, а победник беше Нина.

Comments :

0 коментари to “Преглед на денот (29.11.2008)”
 

Банер размена

Bestips.mk