После денешното будење со песната “Suada“, која на претходната гала ја изведе Даниел, студентите се будат и се спремаат за час по фитнес.
Сите студенти, освен Даниел и Аднан, кои се поштедени, заминуваат во салата за играње, каде ги чека професорот Саша Плечевиќ, што значи часот може да почне. Денес студентите добиваат пофалби дека се во многу подобра форма од пред месец дена и констатира дека никој не би го издржал денешниот тренинг, доколку им ги дал тие вежби на почетокот на нивниот престој. Набрзо, ѕвоното се огласува и студентите заминуваат во академијата на доручек.
Денешниот ден е резервиран за вежбање на кореографиите заедно со танчерите. Милица, заедно со повеќето студенти е во салата за играње. Даниел не се појавува на часот и Милица го праќа Никола Сариќ да го извести дека не мора да доаѓа, бидејќи не се јавил. Даниел се појавува во салата и и објаснува на Милица дека е болен и дека не може да работи. Таа кажува дека се е во ред, но додава дека мора да биде известена што се случу
ва.
Попладнето студентите го минуваат на часови кај професорката Снежана Вукомановиќ. Откако Вукашин ќе ја изведе "Ostani" од Горан Каран, добива пофалби од професорката и им укажува на останатите да се угледаат на него, додавајќи дека во неговата интерпретација сепак имало и фалшеви.
Во салата за играње, на ред се Ана и Никола Пауновиќ да го изведат познатиот дует од "Брилијантин". Професорот Мирко Вукомановиќ коментира дека овој настап дефинитивно ќе привлече голема публика на галата. Додава дека ако бидат макар и полоши од пробата, настапот ќе биде одличен. Тој му советува на Никола да биде малку пораздвижен на галата, меѓутоа смета дека тоа нема да биде проблем кога ќе го има увежбано текстот. После оваа проба, Ана ја изведе својата песна "True colors" од Cyndi Lauper.
Како и вчера, вечерта студентите го искористија слободното време за да ги подготват песните за задачата "Никој како јас". Тие наизменично работат и во училницата и салата за играње. Вукашин е зад клавијатурите, Ана и Никола Пауновиќ компонираат музика за песните, додека Александар работи во салата за играње. Истовремено, сите по ред се повикувани во глувата соба, каде што се снима финалната верзија од химната.
Преглед на денот (28.11.2008)
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)














Comments :
Објави коментар