Преглед на денот (26.11.2008)

Ова снежно утро во академијата Операција Триумф започнува со песната “Neka mi ne svane“, која на претходната гала во дует ја изведоа гостинката Даниела Мартиновиќ и Нина. Сите студенти, освен Аднан и Даниел, се будат и одат во салата за играње на час по фитнес. Професорот Саша Плечевиќ е спремен за уште еден час по фитнес и студентите почнуваат со вежбање со музика.

Како и вообичаено, после утринскиот фитнес, студентите поделени во две групи, заминуваат на часови по танц и пеење. Никола Сариќ не губи време и прв седнува да доручкува, а наскоро и сите други му се придружуваат.

На новата гала, Ана и Никола Пауновиќ во дует ќе ја пеат "You're the one that i want" (тема од Брилијантин), па попладнето го поминуваат преслушувајќи ги матриците и вежбајќи ги настапите. Тие имаат најтешка задача оваа недела. Покрај дуетот, тие мораат да ги вежбаат и своите песни, но и групните. Имено, Ана на новата гала ќе ја пее "So what" од Пинк со Нина и Соња, а Никола, заедно со другите машки студенти, ќе ја пее "A hard day's night" од Битлси.

Малку подоцна, Ана заминува во салата за играње за да ја вежба кореографијата на песната "True colors" од Cyndi Lauper, која што индивидуално ќе ја изведе наредниот понеделник. За тоа време Никола Сариќ и Вукашин спијат во женската соба.

Подоцна, Даниел и Никола Сариќ се во дворот и разговараат. Двајцата се сложуваат дека им треба одмор од се и дека добро би им дошло малку разонода. Заклучуваатдека се чуствуваат потиштено, особено откако си замина Ѓорѓе. Наскоро им се придружува и Соња, која го дели нивното мислење.

Ана во трпезаријата работи на својата песна за задачата "Niko kao ja". Вечерва таа вербално комуницира со сите студенти. На себе имаше залепено белешка со натпис "Го чувам гласот, затоа молчам".

Comments :

0 коментари to “Преглед на денот (26.11.2008)”
 

Банер размена

Bestips.mk