Ден после галата, студентите имаа продолжено спиење, и со нетрпение го очекуваа да дојде директорот за да ги проследат нивните настапи на синоќешната гала.
Сите студенти, освен Даниел, беа во дневната соба и ги коментираа нивните настапи и можните грешки кои ги направиле.
Брзо после тоа во академијата пристигна директорот, и ги пофали за одличното шоу, и одличната изведба на рок верзијата од химната.
По два часовното гледање на галата, следуваше ручегот, кој денеска беше пица, а потоа и директорот им ја кажа задачата за оваа недела. А тоа е да напишат песна, секој сам, на тема „Никој како јас“ за што ке ги имаат сите потребни сретства и инструменти.
Околу 17.30 часот, Нина и Соња разговараа за новата задача и поетичноста на Нина, која кажа дека има напишано повеќе песни во академијата, и дека е многу самокритична.
Подоцна дојде и директорот, за да им ги соопшти песните кои ке се пејат на следната гала, но пред тоа им замери за нередот и нечистотијата во куќата.
Гости на следната гала се Горан Каран и Александра Радовиќ.
По делењето на песните, студентите имаа час кај професорите Мирко и Снежана во салата за играње, каде што тие што ги знае нивните песни ги пробуваа, а женските ја пробаа и „So what“ која исто така треба да ја изведат на следната гала.
После тој час, надвор заврна многу снег, а студентите се собраа околу клавирот и се восхитуваа на убавата гледка.
Некаде околу 22 часот, откако Ѓорѓе излезе од слушалната каде што беше повикан, студентите веќе почнаа да се поздравуваат со него. Додека тој газеше по снегот тие го гледаа од вратата и ја пееја „Ја не постоим“ од Електрични оргазам, и сите со солзи во очите го испратија.
Преглед на денот (25.11.2008)
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)














Comments :
Објави коментар