Денеска студентите ги разбуди песната „Криво је море“ која на предходната гала ја изведе Никола Пауновиќ придружуван од групата Дивље Јагоде.
По утринското размрдување на часот по фитнес, студентите заминаа на распејување кај професорот Пајевиќ.
После утринските часови и утринското кафе и појадок, во Академијата пристигна Драган Кадиќ, новинар од магазинот „Свет“. Студентите со него разгледаа неколку фотографии во кои тие беа фатени во незгодни ситуации.
Целта на ова гостување беше студентите да се научат дека понатака ке има многу вакви објавени фотогорафии и дека треба да знаат како да го поднесат тоа.
После „часот“ од г-динот Кадиќ, студентите ручаа и замина во салата за играње каде што имаа час од професорката Милица. Таму настапуваа еден по еден, и ја прикажуваа кореографијата за следната гала.
Најмногу забелешки професорката имаше за Ана, која ја пее песната „Плеши са мном“ заедно со гостинката Данијела Мартиновиќ. Имено професорката и’ замери на тоа дека некако е како скаменета, а ова е весела песна и треба со нејзиниот сценски настап да ја направи публиката да игра.
Околу 19 часот започна часот кај професорите Мирко и Снежана Вукомановиќ, каде што тие им даваат совети на студентите да ги надминат сите проблеми пред утрешната генерална проба и галата.
Професорката Снежана многу го пофали Игор, кој ја пее песната „Ако има Бога“ од Бијело Дугме, за тоа дека веќе престанал да мисли на неговото его и почнал да мисли како да ја испее песната подобро.
По часот кај Мирко и Снежана, Никола Сариќ беше повикан во медиумската соба каде што имаше 15 минути со неговата девојка Невена.
Преглед на денот (22.11.2008)
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)














Comments :
Објави коментар