Преглед на денот (21.11.2008)

Овој ден започнува со песната „Када сањамо“ која на предходната гала ја испеа Никола Сариќ.

На часот по фитнес, кој по стандарт си почнува во 9 часот наутро, професорот Саша Плечевиќ им држеше предавање на студентите за здрава исхрана.

По часот по фитнес, студентите заминаа на појадок и утринско кафе, освен Ѓорѓе кој остана во салата за играње каде што ја вежбаше својата песна за престојната гала.

Потоа следуваа часовите по играње и пеење, каде што професорите Милица и професорот Пајевиќ ги прашуваа студентите за синоќешната представа и за глумците.

После тие часови, во салата за играње студентите ги вежбаа нивните кореографии, а Александар доби навистина корисни совети од професорката Милица за тоа како да ја отпее песната и како да игра на сцената.

За тоа време во глувата соба, Вукашин и Ѓорѓе се спремаа за нивниот дует, додека останатите студенти разговараа за сонови.

После ручекот, во дневната соба Игор, Вукашин и Никола П. разговараа за групата „Бијело Дугме“ и за нивните песни.

Потоа во салата за играње под надзор на професорите Снежана и Мирко Вукомановиќ, студентите ги вежбаа нивните настапи за галата.
Студентите исто така пред професорите ја пробаа и новата незавршена верзија од химната, но сепак на неа треба уште многу да се работи и да се одреди кој што ке пее.

По пробите сите истрчаа во трпезаријата на вечера и да ја спремаат новата шопинг листа, а сега имаат право 10% од парите да ги потрошат на цигари.

Вечерта студентите во глувата соба ја снимаа новата химна на академијата, која ке имаме можност да ја слушнеме во понеделник, а сега слушнете ја првата верзија од химната:

Comments :

0 коментари to “Преглед на денот (21.11.2008)”
 

Банер размена

Bestips.mk