Како и сите останати и овој ден започна распеано со песна од предходната гала, а ова утро студентите се будеа со песната „Get the party started“ која на галата ја пееше Ана.
Ана е и првата која се разбуди и почна да ги буди другите за на часот по фитнес, каде заминаа сите, освен Аднан кој беше поштеден.
На часот по фитнес се трчаше и имаше стандардни фитнес вежби кои се исполнуваа со придружба на музика.
По фитнес, како и секој ден следуваа часовите по играње и пеење.
А овој ден беше посебен за студентите бидејќи требаа да посетат театар.
На часот по играње, професорката Милица ги учеше студентите на нови чекори, а на часот по пеење со професорот Пајевиќ имаше утринско распевување.
По тие часови студентите во дворот се расправаа за тоа кој и кога ке вежба. И покрај тоа што бројот на студенти се намали сепак се уште се прави гужва во салите за вежбање на песните.
После ручекот, во академијата се приклучи и директорот, кој седеше во дворот, а студентите водеа опуштени разговори со него.
Потоа следуваа и вторите часови по играње и пеење, но со другите групи, каде што исто така се правеа најосновните работи, како и студентите добиваа совети во врска со нивни песни за следната гала.
По часовите студентите пополека почнаа да се спремаат за одењето во театар.
Преглед на денот (20.11.2008)
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)














Comments :
Објави коментар