Новиот ден во академијата започнува со песната „Mirno more“, која на претходната гала во дует ја изведоа Нина и групата Colonia. Студентите се будат потешко од обично. Денес е првиот ден во академијата без Милица, која синоќа се прости со своите цимери. Таа веќе му недостига на Даниел, кој веднаш штом се разбуди, ја зема фотографијата на Милица.
Подоцна, студентите заминуваат на час по фитнес со професорот Саша Плечевиќ, кој денес за нив имаше специјално изненадување- тој донесе колачи за сите студенти. После краткото загравање, следуваше трчање и вежбање со тегови. Набрзо, часот по фитнес е завршен и студентите заминуваат во академијата на кратка пауза. За време на доручекот изненадно ги посетува Саша, сакајќи да види дали студентите се хранат здраво.
После кратката пауза за доручек, студентите, како и обично, поделени во две групи, заминуваат на часови по играње и пеење. На часот по пеење, професорот Пајевиќ забележува дека Ана не е нашминкана, и ја праќа назад во академијата. Во другата сала, студентите ги увежбуваат своите кореографии со помош на професорката Милица.
Конечно, часовите се завршени, и студентите се враќаат назад во академијата на заслужена пауза. Денеска сите огладнеа порано, и ги броеја минутите до почетокот на ручекот.
Попладнето, на часовите по играње и пеење, студентите ги коментираат своите настапи од претходната гала и заедно со Милица, ги смислуваат кореографиите за следниот настап. На часот по пеење, професорот Пајевиќ ги критикува студентите дека треба да се трудат и да учат во текот на целата недела, а не само кога ќе добијат нова песна. После завршените часови, студентите се враќаат во академијата.Ѓорѓе, со посебен стајлинг,во училницата ја вежба својата песна, додека Никола Сариќ и Соња ги мијат садовите и ја расчистуваат кујната.
Набрзо, директорот доаѓа во академијата и ги собира студентите во дневната соба, порачувајќи им да го суредат малку нередот во куќата. Тој ги доведува и гостите, Александар Јовановиќ, новинар и уредник во дневниот печат, и Соња Вучиќевиќ, уредник во "Блиц Пулс". Откако се запознаа со студентите, гостите зборуваа за ва
жноста на медиумите и нивното влијание во животот и кариерата на познатите личности, првенствено актерите и пејачите. Александар кажува дека сите студенти, откако ќе излезат од академијата, ќе мораат да се соочат со многубројните прашања на медиумите, како и со нивната желба да пронајдат во нив и најмала грешка. Тој додава, дека со влегувањето во академијата, студентите загубиле еден дел од својата приватност, која еден ден сигурно ќе сакаат да ја вратат. Уредничката на "Блиц Пулс", Соња ја наведува Северина како добар пример за естрадна личност, која е во добри односи со новинарите и знае да разговара со нив.
После заминувањето на гостите, студентите се сложуваат дека им се допаднало нивното предавање, и дека немале потреба од додатни прашања. Даниел и Ана кажуваат дека баш им недостига Милица, и дека имаат чуство дека таа секој момент ќе се појави во академијата.
Малку подоцна, во салата за играње Игор, Ѓорѓе, Аднан и Никола Сариќ работат на создавање на нова верзија на химната, со што го исполнуваат ветувањето кон професорот Вукомановиќ. Увежбувањето го прекинува само повременото договарање околу новите предлози.
Вечерта, Никола Пауновиќ, Вукашин и Нина разгвараат во кујната. Во разговорот повремено се уклучува и Ана, која се шминка во купатилото. Таа го прашува Вукашин за што разговарал со другите студенти минатата вечер, бидејчи чула некоја врева. Вукашин само рече дека на "некои луѓе" им рекол што мисли за нив, бидејќи не сака да збори позади грб. Ана инсистира да дознае кои се тие личности, па Вукашин признава дека им рекол на Никола Сариќ и на Даниел дека се премногу фаворизирани студенти. Тој кажува дека е задоволен од тоа што тие го прифатиле неговото мислење, но и дека ништо не спомнуваат во врска со тоа. Вукашин смета дека сите биле во добро расположение, па тој момент го искористил за да им го каже своето мислење "во лице".
Преглед на денот (19.11.2008)
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)














Comments :
Објави коментар