
После напорниот ден, студентите заслужија да спијат до подоцна. Овој ден во Академијата започнува малку подоцна од вообичаеното, а студентите се будат со химната на Операција Триумф, која синоќа премиерно ја изведоа на гала вечерта.
Сите полека стануваат од своите кревети. Денес е последен ден за Милица во Академијата, и таа се буди меѓу првите. Никола Пауновиќ оди во кујната, за да го спреми првото утринско кафе. Спалните соби се се поисполнети со плишаните играчки што ги добиваат студентите од своите многубројни фанови. Наскоро нема да има место за сите тие подароци.
Откако се разбудија, студентите одат во дворот, каде што се вртат вообичаените муабети. После појадокот, на студентите им се придружува и директорот Саша Плечевиќ, бидејќи е време да се одгледаат и прокоментираат сите синоќешни настапи.
Првиот настап што го одгледаа беше премиерата на химната. Нина прокоментира дека химната на академијата е единствената песна за која за малку ќе заплачела. Директорот е многу задоволен со химната и признава дека и него го погодила песната. Потоа, продолжува анализарањето на галата и Соња признава дека не е задоволна со својот настап, што доведува до кратка расправија. Кога беа одгледани сите настапи, директорот за крај повторно ја пушти химната, а студентите после тоа заминаа на ручек.
Попладнето, директорот ги собира студентите во дневната соба, за да им ги подели песните за следната гала. Тој на Игор му ја дава нумерата "Lipe cvatu" од "Bijelo dugme". Тој тврди дека е задоволен со оваа промена на репертоарот. Никола Пауновиќ наредната недела ќе ја изведе песната "Kao ti" од Бојан Маровиќ, што заедно со Данијела Мартиновиќ ќе биде гостин на следната гала. Со Бојан Маровиќ ќе пее и Аднан, кој ќе ја изведе песната "Više te nema".
После поделбата, директорот во својот кабинет заедно со останатите професори, разговара за студентите и песните што ги добија. Мирко Вукомановиќ смета дека на студентите треба да им се дадат некои песни какви што не изведувале до сега. Како пример го наведува Игор, додавајќи дека го интересира како тој би се снашол со песна со малку "потврд" звук.
Веднаш потоа, директорот изјавува дека дошло до измени во песните и дека Игор на следната гала наместо "Lipe cvatu", ќе ја изведе песната "Ako ima boga".
Преглед на денот (18.11.2008)
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)














Comments :
Објави коментар