
Утрото пред осмата гала-вечер започнува со песната „Dirlija", што минатиот понеделник ја испеа Никола Пауновиќ. Повеќето студенти се сеуште во своите кревети бидејќи денешниот ден е доста напорен за нив.
Милица оди кај Никола Пауновиќ, за заедно да ја вежбаат неговата песна. Студентите полека се подготвуваат за пробите. После доручекот и утринското кафе, студентите се спремаат за генерална проба за вечерашната гала. Повеќето студенти се во дворот, разговарајќи за своите настапи.
Денеска е последен ден во академијата на еден од номинираните студенти, Аднан или Милица. Кој ќе биде студентот што ќе ја напушти академијата, ќе дознаеме вечерва.
Преглед на денот (17.11.2008)
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)














Comments :
Објави коментар