
Ова утро, студентите се будат со песната “Bato”, што на претходната гала вечер ја изведе Соња во дует со Калиопи.
После будењето, студентите се спремаат и заминуваат на часот по фитнес. Во салата за играње ги чека професорот Саша Плечевиќ, којшто за денес имаше спремено вежби со тегови. Подоцна, часот по фитнес се завршува и студентите се враќаат во академијата на доручек. Аднан и Даниел го користат слободното време за да се одморат.
Околу 11 часот, како по обичај, започнуваат часовите по танц и пеење. Поради вчерашната неуспешно извршена задача, Соња и Ѓорѓе треба да донесат палачинки на часот по пеење.
Денеска студентите ке ги изведуваат нумерите за следната гала вечер пред професорот Пајевиќ. Тој со внимание ги слуша и им дава совети како подобро да ги испеат песните. За тоа време, група студенти вежбаат групна кореографија со професорката Милица Церовиќ.
Поголемиот дел од денот учениците го поминуваат во училницата, увежбувајќи ја химната. После напорната проба под водство на Никола Сариќ, се враќаат во академијата на кратка пауза.
Ѓорѓе и Ана прегрнати разговараат во дневната, додека останатите се спремаат за ручек. По завршувањето на паузата, поедини студенти заминуваат во салата за играње, каде што заедно со Милица повторно ја увежбуваат кореографијата за понеделник.
Соња и Нина се одмораат и разговараат во женската спална соба.
Во меѓувреме, во салата за играње, Александар ја пробува "Pjesmo mojа" на часот со професорката Вукомановиќ. Таа изјавува дека бојата на гласот со која Александар ја изведува оваа песна, баш и не и се допаѓа, бидејќи пее доста високо. Таа додава дека овојпат, за разлика од претходните две, Александар доби доста проблематична песна. Исто така, професорката имаше замерка на настапот на Александар, тврдејќи дека настапот му е доста ретро и дека премногу постеќа на Здравко Чолиќ во седумдесеттите години. Таа му советува малку повеќе да се приближи кон начинот на кој Жељко Јоксимовиќ би ја извел оваа песна.
Приквечерта, Ѓорѓе ја увежбува песната "Motori" од групата "Divlje jagode". Наскоро му се придружува Соња, која му советува да не биде толку гласен, бидејќи им пречи на студентите во салата за играње. Тој пробува да ја испее песната како што самиот смета дека ќе звучи најдобро, се разбира семајќи ги во предвид советите од професорите и од останатите студенти. Подоцна, тој настапува пред Мирко и Снежана Вукомановиќ, кои исто така го искритикуваа дека е премногу бучен.
Александар и Нина седат во дворот и разговараат. За тоа време, Игор и Милица во училницата ги пејат своите омилени песни, додека Аднан ги следи на клавир. Набрзо, Игор го заменува Аднан, па тој заедно со Милица, во дует ја испеа "Чија си" од Тоше.
После краткото слободно време, студентите повторно ја пробуваат химната, која што ќе ја изведат во понеделник на галата. Студентите денеска ја испејаа химната и пред Мирко и Снежана Вукомаовиќ, на кои прилично им се допаѓа оваа идеја. Највеќе пофалби, како диригент нормално добива Никола Сариќ.
Преглед на денот (14.11.2008)
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)














Comments :
Објави коментар