Ова утро во академијата започнува со песната „Македонија", која на гала вечерта ја изведе Александар во дует со Дадо Топиќ. Необично е тоа што, наместо вообичаените муабети, се слуша само песната за будење.
Причината за оваа тишина е миењето садови. Имено, студентите се договорија дека кој од нив ќе проговори прв, ќе мора да ги измие садовите. Студентите се спремаат и во тишина заминуваат во салата за играње.
Овој необичен договор подразбира дека зборувањето е дозволено само на часовите. После завршување на часот, студентите, повторно во тишина заминуваат во академијата на доручек. Потоа продолжуваат часотвите, што значи дека студентите можат повторно да разговараат.
На часот по играње, професорката Милица одлучи да организира натпревар. Во финале влегоа Милица и Соња, но професорката не сака јавно да ги каже резултатите, бидејќи Милица смета дека таа треба да ја освои првата награда. Наградата за овој натпревар е посета и телефонски повик.
Набрзо, часовите се завршени и студентите се враќаат на академијата. Даниел се откажа од молчење, што значи дека тој треба да ги измие садовите. Останатите студенти и понатаму молчат, бидејќи следниот што ќе проговори ќе биде задолжен за чистење на тоалетите. Во меѓувреме, Аднан и Никола Пауновиќ се во салата за играње и ги увежбуваат нивните кореографии за следната гала.
Подоцна, ги добивме победниците во натпреварот во играње. Професорката и студентите одлучија тоа да бидат Игор и Соња, кои, како што им беше ветено, ќе добијат можност за посета и телефонски повик. Молчењето во акедемијата продолжува, а слободното време студентите го користат за да ја извежбаат химната.
Скоро сите студенти се наоѓаат во училницата и под водство на Никола Сариќ ја увежбуваат химната. После напорното вежбање се враќаат во академијата. Набрзо им се придружува директорот кој со задоволство ја прифаќа нивната покана за ручек.
После ручекот, студентите и Саша Драгиќ заминуваат во училницата. Студентите ја пеат химната пред директорот и докажуваат дека стануваат се подобри и подобри.
Попладнето, студетите сеуште се држат до договорот за молчење. Нина и Ѓорѓе се разбираат со гестикулации во дворот. Подоцна, Милица ја увежбува својата кореографија, Нина и Александар се забавуваат во салата за играње, додека Ѓорѓе ко користи своето право на телефонски повик.
Аднан и Милица, номинираните студенти за оваа седмица, ги увежбуваат своите настапи. Аднан ги преслушува матриците од својата песна, додека Милица го слуша. Салата за играње, училницата, слушалницата и глувата соба и понатаму се единствените места на кои може нормално да се комуницира.
Нина во слушалницата изјавува дека најлошо од се е тоа што, таа самата ја даде идејата за "заветот на молчење". Таа тврди дека тоа можеби е добра идеја, за да можат сите студенти да се одморат и сконцентрираат на работата. Таа додава дека Игор и некои други студенти полесно ја поднесуваат тишината, бидејќи по цел ден спијат.
Во вечерните часови, додека студентите ја увежбуваат химната, на часот влегува професорката Церовиќ и кажува дека има специјално изненадување за Милица. Милица оди во другата соба, каде што после неколку моменти влегува Скај Виклер. Таа видно се израдува на неговото доаѓање и му признава дека би сакала наредната недела таа да ја напушти академијата.
"Заветот на молчење", како што се договорија студентите, завршува во 21 часот, и сите студенти повторно можат слободно да комуницираат.
Преглед на денот (13.11.2008)
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)














Comments :
Објави коментар