Преглед на денот (12.11.2008)

Новото утро во академијата започнува со песната „Ti si mi u mislima“, која на завчерашната гала ја изведе Ѓорѓе.

Студентите се будат, и се спремаат за часот по фитнес. На ред е загревање, а потоа и вежбање. Ритамот за вежби го дава Аднан со песната „Viva las Vegas". Саша Плечевиќ ги известува студентите дека утре повторно ке ја мери нивната сила, за да ги спореди резултатите со претходните.

Подоцна, часот по фитнес е завршен и студентите се враќаат во академијата на доручек. Аднан останува во салата за да свири и пее. За тоа време останатите студенти уживаат во кратката пауза.

После доручекот, се огласува ѕвоното и студентите, поделени во две групи заминуваат во училнацата и салата за играње на часови. Професорот Пајевиќ ја распејува својата група, додека Милица ја увежбува кореографијата со студентите. После првиот час, групите се менуваат и часовите продолжуваат.

Откако го поминаа претпладнето на часови по играње и пеење, студентите заминуваат во училницата за да ги вежбаат нумерите што сами си ги осмислија. Никола Сариќ е диригент и со помош на другите студенти, работи на усовршување на песните. После тоа следува пауза, која поедини студенти ја искористија за да ја средат куќата.

После кратката пауза, студентите, заедно со Милица, се враќаат во салата за играње, за да ги анализираат настапите од гала вечерта.

Во меѓувреме, Ана е на час по поединечно распејување кај професорот Пајевиќ. Тој и советува дека нејзиниот глас треба да биде што е можно појак. Професорот додава и дека во оваа работа најважно е да ги натера луѓето да ја чујат, а тоа ќе го постигне со својата интерпретација и квалитет.

Во вечерните часови студентите под диригентската палка на Никола Сариќ, ја увежбуваат химната. Диригентот прави нов распоред, а потоа пробата почнува. Оваа задача студентите ја извршија доста успешно.

Comments :

0 коментари to “Преглед на денот (12.11.2008)”
 

Банер размена

Bestips.mk