Преглед на денот (11.11.2008)

Утрото после галата, скоро сите студенти се во кревет, иако музиката се огласи уште пред половина час.

Прв станува Ѓорѓе, кој во кујната го спрема првото утринско кафе. Мирисот на кафето ја разбуди и Мика, која набрзо му се придружи. После синоќешното враќање од гала вечерта, студентите го тешеа Аднан, кој доста тешко ја поднесе номинацијата и синоќа изјави дека се откажува од понатамошно натпреварување.

Денес е последниот ден на Мика и Кристијан во академијата, бидејќи синоќа имаа најмалку гласови од публиката.

Околу 12 часот, сите професори и директорот се во кабинетот и разговараат за галата и настапите на студентите. Во меѓувреме, сите студенти се разбудија и уживаат во своето слободно време.

Нина пробува да ги спаси преостанатите ружи, што ги доби синоќа за поклон, додека сите останати уживаат на сонце.

Студентите едвај ја дочекаа посетата на директорот, за да ги одгледаат своите настапи од синоќа. Сите се задоволни со своите изведби и даваат коментари за настапите на другите.

Директорот има ново изненадување за студентите. Имено, доколку бидат успешни во изведување на однапред смислени песни, студентите ќе добијат посебна награда- посета на театар.

Саша Драгиќ дојде во посета на студентите, за да им ги подели новите песни. Директоот им кажува на новата гала да гледаат како на нова шанса. На состанокот со останатите професори, Снежана Вукомановиќ рече дека и е посебно жал што Мика испадна од академијата, бидејќи ја смета за исклучително талентирана, вредна и работлива девојка. Со нејзиното мислење се сложија и останатите професори, посебно професорот Пајевиќ.

Некои од песните, кои директорот им ги даде на студентите се: Аднан- "Tebi je lako" (Бојан Маровиќ), Ѓорѓе- "Motori" (Divlje Jagode), Александар- "Pjesmo moja" (Здравко Чолиќ), Вукашин- Highway to hell (AC/DC).

Студентите во трпезаријата и пишуваат проштално писмо на Мика, која на претходната гала вечер заедно со Кристијан имаше најмалку гласови. Истовремено, Кристијан се пакува во машката соба, додека разговара со Александар.

Подоцна, сите се собираат во кујната околу пицата што им ја подготви Ана. За тоа време таа кажува дека во куќата би требало да постои соба за исфрлање на негативната енергија.

Набрзо доаѓа моментот Кристијан и Мика да си заминат од академијата, па сите студенти се поздравуваат со нив. Заминувањето на Мика најтешко и падна на Соња.


Comments :

0 коментари to “Преглед на денот (11.11.2008)”
 

Банер размена

Bestips.mk