Денес студентите го започнуваат денот со час по фитнес со професорката Милица. Околу 12 часот, часот по фитнес за втората група почнува со трчање. Професорката се жали дека првата група по малку ја изморила, но додава дека и тие не се подобри.
Вукашин се жали дека не може да вежба поради болки во грбот, па професорката доаѓа да му помогне. Меѓутоа тој и понатаму тврди дека не може нормално да седи со испружени нозе.
Околу 15 часот, студентите сеуште се во салата за играње, каде што почнува уште еден час со професорката Церовиќ. Таа се обидува да утврди кој доцни на часот, бидејќи како што се договорија претходниот час, тој што нема да ги почитува правилата ќе биде казнет.
Студентите кажуваат дека Ѓорѓе до сега спиел и дека моментално чека ред во бањата. Професорката им советува на следниот час да го разбудат порано, за да не задоцни. Сите се сложуваат дека е време да почнат да разговараат за своите грешки.
Во салата за играње, на часот кај Мирко и Снежана, Никола Сариќ ја изведува песната "Da li znaš da te volim". Тој на гала вечерта оваа песна ќе ја пее во дует со Дадо Топиќ, па Ѓорѓе му помага. Професорката Снежана Вукомановиќ додава дека деловите што ќе ги пее Дадо се многу малку и дека на него му остануваат две строфи. Ова не претставува проблем за Никола, бидејќи тој смета дека Дадо е голем професионалец и сигурно сам ја извел песната безброј пати.
Набрзо во академијата се враќа Даниел. Тој прво се поздравува со Милица во дворот, а подоцна и со останатите студенти.
Преглед на денот (08.11.2008)
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)














Comments :
Објави коментар