Денешниот ден во академијата Операција Триумф почнува со песната ,,Bez promene“, која на гала вечерта во дует ја изведоа Нина и групата Негатив. Ана е одушевена од песната што ги буди.
Студентите стануваат и се спремаат за фитнес. После второто ѕвоно, Даниел истрчува од Академијата за да не закасни на часот.
Инструкторот ги чека студентите во салата за играње, што значи дека часот по фитнес може да почне.
После часот по фитнес, студентите поделени во две групи одат во училницата и салата за играње, каде што ги вежбаат своите песни, кореографии и настапи, и добиваат пофалби за нивната работа.
Околу 13 часот, часовите по пеење и танц се завршени, и студентите се враќаат назад во Академијата. Нашиот Кристијан остана во училницата за да го вежба својот настап за следната гала.
Останатите студенти разговараат за моменталната ситуација во академијата, кога скоро сите се номинирани, прашувајќи се како ќе се одвива ситуацијата на следната гала, додека Никола Сариќ е во кујната, бидејќи денес тој е задолжен за чистење на кујната и миење садови.
Ана во салата за играње ја вежба кореографијата за песната ,,Crazy in love“. Милица Церовиќ ја советува да го промени своето однесување на сцената т.е. да биде малку поенергична. После неа, на ред е Никола Сариќ, којшто ја вежба песната ,,Da li znas da te volim“. Меѓутоа, за Ана сеуште нема одмор, бидејќи професорката и предлага таа да учествува и во сценскиот настап на Никола.
Во меѓувреме, Александар ја пробува песната ,,Македонија“ пред професорите Мирко и Снежана Вукомановиќ. Мирко кажа дека на почетокот песната, во интерпретација на Александар, не му звучела многу интересно. Меѓутоа професорот додава дека од првиот рефрен натаму, песната е изведена доста солидно.
Откако и Игор ја изведе својата песна, професорот искоментира дека му е мило што песната "Poludeću", не ја изведува како Оливер Мандиќ, туку пробува да ја испее во свој стил. Единствена забелешка беше дека е потребно да се модернизира песната, бидејќи интерпретацијата помалку звучи како ретро.
Ана продолжи со вежбањето на кореографијата и во дневната соба, каде што Ѓорѓе и Александар и’ даваа „совети“ околу тоа како треба да изгледа. Таа малце им се налути но тоа позитивно делуваше, и таа побрзо ја совлада кореографијата
Преглед на денот (07.11.2008)
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)














Comments :
Објави коментар